Што му рекол Груевски на Даниелсон за изборите?
Директорот на Директоратот за проширување во Европската комисија Кристијан Даниелсон оствари средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според информациите од кабинетот на Никола Груевски на средбата двајцата соговорници разговарале за актуелната политилка ситуација во земјава.
Приоритет на владеачката гарнитура претставува нормализирање на политичката ситуација и внесување на сигурност кај граѓаните и на тој план исклучително важно е враќањето на патеките на напредокот и економскиот просперитет му рекол Груевски на Даниелсон.
На средбата се зборувало и за изборите, а во однос на ова прашање Груевски рекол оти актуелната влада има легитимен мандат до 2018та година, но како партија ВМРО-ДПМНЕ е подготвена тие да се одржат и порано доколку опозицијата изрази спремност да излезе и се соочи со граѓаните.
Екс премиерот ветил и дека ќе продолжи со работите и активностите кој ќе значат зголемување на довербата и кредибилноста на изборниот процес.
