Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што му подари Иванов на Папата?

Што му подари Иванов на Папата?

Во текот на изминативе два дена, претседателот Иванов е во официјална посета на Ватикан.

Папата Франциск се израдувал на подарокот кој Иванов му го врачил за време на вчерашната аудиенција.

Од претседателот Иванов тој добил  сребрен филигрански крст со автентични македонски рубини. Подарокот разбудил заинтересираност кај Папата кој го запрашал претседателот кој е симболот на истиот, а Иванов му рекол дека  рубинот на тлото на Европа се наоѓа единствено во Македонија.

- Нашиот рубин е со истата боја како и официјалните облеки што ги носи Папата, така што нему навистина му претставуваше чест што добива еден таков подарок, што ја изразува и верата и традицијата и нашата специфичност, посочи Иванов.

На средбата со Папата , Иванов разговарал за акуелните состојби во Европа, мигрантската криза како и прашањето со името.

Слично

Поврзани вести