Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што му одговори ЕУ на Трамп за заканите за царини?

Што му одговори ЕУ на Трамп за заканите за царини?

Европската Унија(ЕУ) ќе реагира брзо и решително ако Соединетите Американски Држави(САД) ги исполнат заканите на претседателот Доналд Трамп за воведување царини од 100 проценти на европските земји ако воведат даноци за дигитални услуги на американските компании, соопштија од Европската комисија.

„Сите даноци по својата природа се недискриминаторски и се однесуваат подеднакво на сите големи компании, без оглед на нивното потекло. Едностраните мерки насочени кон ваквите легитимни политики се неоправдани. Доколку се спроведат, ЕУ ќе реагира брзо и решително за да ги одбрани своите права и регулаторна автономија“, нагласија од Комисијата.

Американскиот претседател Трамп се закани дека ќе воведе царини од 100 проценти на сите стоки од земјите кои воведуваат данок на дигитални услуги на американските компании.

Комисијата истакнува дека ЕУ и нејзините членки имаат суверено право да ги регулираат економските активности на своја територија, во согласност со нивните демократски вредности и меѓународни обврски.

Од Комисијата посочуваат дека Европската Унија „постојано поддржува глобално решение за фер оданочување на дигиталната економија, во согласност со заклучоците на министрите за финансии на Г7. Ова останува наш претпочитан пат и ние сме подготвени конструктивно да работиме за да го постигнеме тоа“.

Трамп како пример ја наведе Франција.

Слично

Поврзани вести