Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што можеше да се направи со парите од палмите?

Што можеше да се направи со парите од палмите?
Граѓани и активисти од Прилеп, Скопје, Велес, Ресен и Гевгелија спроведоа улична акција против непотребните трошења и на властите им порачаа: “Наши пари за наши потреби!”. Палмите кои никнаа низ градовите се уште еден симбол за трошењето на чоколада кога немаме ни за леб. Палмите се скапи да се набават, скапи за одржување, бараат посебна заштита и може да влијаат врз нарушување на природната рамнотежа во областите каде што се насадени. Struga Граѓаните посочија што можеше да се направи со парите кои беа потрошени на палмите:
  • Со 1 милион евра потрошени на палмите можеше да се исчисти троската позади велешкаата Топилница!
  • Со парите од палмите Гевгелија можеше да добие нови водоснабдителни бунари и да се спаси од Арсенот!
  • Со 500 илјади евра потрошени на палми можеше да се реновира прилепската болница!
  • Со парите од палмите можеше да се уреди парк-шумата Гази Баба!
  • Со парите од палмите струшката вода можеше да се хлорира и да биде исправна за пиење во наредните 10 години!
  • Со парите од палмите можеше да се излекуваат десетици деца од тешки болести!
Skopje aResen Граѓанската иницијатива најавува и следни вакви или слични акции.
Слично

Поврзани вести