Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што може да очекуваме од економската програма на СДСМ?

Што може да очекуваме од економската програма на СДСМ?

Во предлог програмата на СДСМ за периодот 2017-2020 година има низа мерки кои имаат за цел да го подобрат животот на граѓаните во Македонија. 

Тие нудат економски раст, повеќе работни места и повисок стандард. 

Во првите 180 дена од мандатот, ќе ги елиминираме сите непотребни документи кои ги бараат институциите во управните постапки, ветија од партијата. 

Со активни мерки се планира годишно по 16.000 лица да се вработуваат во приватниот сектор. 

Во нивната програма има одредба и за праведен даночен систем, а минималната плата е зацртано да биде 16.000 денари до крајот на мандатот или 12.000 денари во првата година. 

Нивните мерки значат воведување на поправеден персонален данок на доход со две стапки (10% и 18%) што ќе содржи и враќање на платениот персонален данок на доход за граѓаните кои имаат многу ниски месечни лични доходи. За мнозинството на граѓани ќе остане стапката од 10%, а дополнителната стапка од 18% ќе се воведе само за дополнителниот приход на лицата со највисок доход.

Укинување на максималната горна граница за плаќање на придонесите на плати.

Воведување на можност даночната стапка на данокот на имот за резидентен и нерезидентен недвижен имот со пазарна вредност повисока од 400.000 евра да се зголемува за 0,1 процентен поен. Ќе биде воведено и поправедно оданочување при поседување на повеќе имот.

Зголемување на стапката на акцизата на патнички автомобили во вредност повисока од 40 илјади евра. 

„Владата на Република Македонија ќе воведе нов систем „Повеќе пари кај граѓаните” со кој на граѓаните ќе им се враќаат по 15% од платениот ДДВ, со исклучок на данокот остварен при купување на лускузни производи. Системот ќе содржи ограничувања кои ќе спречат злоупотреби и поголемо раслојување“ - стои во предлог програмата на СДСМ. 

Ќе се одвојуваат  22 милиони евра за активни мерки за вработување. Ќе се настојува сумата да расте секоја година, со цел на крајот на мандатот да изнесува 33 милиони евра. 

Финансиска поддршка ќе има за домашните претпријатија. 

„Ќе се создаде здрава и предвидлива деловна клима, без политички притисоци и репресии. Посебно внимание ќе се посвети на позврзување на домашните претпријатија со странските во технолошко-индустриските зони. Наша цел е остварување на просечна стапка на раст на економијата повисока од 5% во периодот на мандатот. За таа цел, Владата ќе ја зголеми државна поддршка за поттикнување на домашните претпријатија на 20 милиони евра во првата година, а ќе се настојува таа да достигне 50 милиони евра во последната година од мандатот. Овие средства ќе бидат дополнети со надворешни кредитни линии“ - се наведува во предлог програмата на партијата. 

Владата ќе ја промени казнената политика и ќе инсистира дека нејзин темел ќе е превенцијата. 

Слично

Поврзани вести