Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што може да научите за бизнисот од Американските елитни „Фоки“

Што може да научите за бизнисот од Американските елитни „Фоки“

Елитната специјална единица „Фоки“ на американската морнарица стана најпозната по ликвидацијата на најбараниот терорист Осама Бин Ладен, но освен за воодушевување во воените кругови нивната философија на живот и екстремен тренинг може да послужи и како инспирација во бизнисот.

Тие се водат од правилото „40%“ што значи дека во моменти кога мозокот ни кажува дека повеќе не може да издржиме или да продолжиме со некои тешки активности значи дека сме искористиле само 40% од нашата сила и способност и затоа треба да се вложи дополнителен напор да се искористи целиот наш потенцијал.

До овие заклучоци дошол авторот Џеси Ицлер кој ангажирал еден припадник на морнаричките фоки да живее еден месец со неговото семејство и ги следел сите негови „наредби“ но, и совети за самиот живот и начинот на носењето на одлуки.

Фоките избегнуваат рутина, не се задржуваат премногу на едно место, постојано барааат нови предизвици и си поставуваат тешки задачи пред себе. Ако го примените правилото 40% во бизнисот постојано ќе се стремите за поголем успех, но и многу повеќе самите ќе се вложите во тоа што го правите преку поголема посветеност, пожртвуваност, но и страст. 


Автор: Христијан Станоевиќ

Слично

Поврзани вести