Што може да научите од продавачите на EBay кои заработија 1 милијарда за 3 месеци
Според најновите податоци на EBay помалите трговски кои своите производи или стока ги препродаваат преку нивниот онлајн сервис за првите три месеци од годинава оствариле неверојатен промет од 1.2 милијарди долари.

Предностите за помалите трговци со продажбата преку интернет сајтовите како EBay се навистина големи, тие сами си го одредуваат работното време, имаат помали трошоци за директна продажба и контакти со купувачи, може да работат од било кое место каде има интернет конекција, а исто така имаат пониски трошоци за провизии.
Додека голем број на луѓе поставуваат стари или користени производи како хоби или затоа што во моментот им требаат пари, развиена е и силна мрежа на мали трговци кои серизно си го сфатиле бизнисот. Тие вршат набавки од продавниците за стари производи, набавуваат стока од големите хипер-маркети или пак од големите трговски синџири и ги пласираат со специфични понуди таргетирајќи конкретна потрошувачка група.
Освен EBay никој не ги спречува да ги користат и другите сервиси за онлајн продажба како што е Amazon. Можеби за резиденти на Македонија ваквата трговија носи повеќе ограничувања, како помал пазар, повисоки трошоци за електронски трансакции и наплата, но тоа не значи дека мора да се ограничите само на EBay или Amazon.
Доколку знаете што продавате, по која цена и за кои купувачи, добар потег е отворање на македонска онлајн продавница или пак пласирање на веќе етаблираните македонски е-шопови. Единствено треба да го решите предизвикот со складирање и испорака, но на пазарот има голем број на компании кои го нудат токму тоа.
Автор: Христијан Станоевиќ
