Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што мисли јавноста? – Еден екстерен тест не може да даде објективен резултат!

Што мисли јавноста? – Еден екстерен тест не може да даде објективен резултат!

Факултети.мк во изминативе неколку денови спроведе анкета во врска со екстерното тестирање насловена како Што мисли јавноста?

Заклучокот од резултатите на анкетата во која учестувале 901 испитаник е дека екстерното тестирање не ги дава очекуваните резултати кога станува збор за мерење на објективноста на оценките на наставницте.

РЕЗУЛТАТИТЕ НЕ СЕ ВЕРОДОСТОЈНИ

На прашањето, Дали сметате дека се веродостојни резултатите што ги дава оваа реформа?, 92,4 отсто (810) испитаници одговориле со Не, 6 отсто од нив (53) одговориле со Да, а ниту едниот ниту другиот одговор го избрале 1,6 отсто од испитаните (14). Дали сметате дека досегашната реализација на екстерното тестирање ги дава очекуваните резултати? На ова прашање 92 отсто од учесниците во анкетата одговориле Не, 6,3 отсто одговориле со Да, а 1,7 отсто не се изјасниле по ова прашање.

Пред извесно време, Синдикатот за образование, наука и култура предложи наместо еден единствен тест на крајот на учебната година, екстерни тестови учениците да полагаат на крајот по секое тримесечие. Во анкетата имаше прашање токму и за овој предлог, односно прашањето беше Дали сметате дека е добар предлогот на СОНК учениците да полагаат тест на крајот на секое тримесечие? Учесниците одговориле вака: 76,8 отсто (676 лица) не се согласуваат со предлогот, 19,2 отсто (169) се согласуваат да се воведе ваков начин на проверка на знаењата, а 4 отсто (35) не се изјасниле по ова прашање.

АКО „НЕ” ЗА ЕКСТЕРНО, ТОГАШ „ДА” ЗА ШТО?

Учесниците во нашата анкета ги прашавме како според нив треба да се проверува објективноста на оценките што ги пишуваат учениците. Добивме најразлични и многу интересни одговори и предлози, а главниот заклучок е дека мнозинството сепак е на став дека не може целокупниот ангажман на ученикот кој тој го има низ целата учебна година, да се измери само преку еден единствен тест.

„Kaко се проверува објективноста на дијагнозите на лекарите во државното здравство? Како се проверува објективноста на судиите и јавни обвинители? Зошто се проверува објективноста на оценките само на наставниците од државните и општинските училишта? Може да се провери дали наставниците ги научиле нешто своите ученици така што тие самите нема да учествуваат во оценувањето. За такво нешто треба многу повеќе од тест со заокружување на крајот од годината”, вели еден учесник во анкетата.

ДA СЕ ДАВААТ НЕНАЈАВЕНИ ТЕСТОВИ

Друг испитаник вели дека треба да се проверат методите на оценување на наставниците, тестовите кои ги направиле учениците, устните одговори и останати активности (проекти, домашни задачи и сл.) и сето тоа да се спореди со напишаната оценка. Трет пак, смета дека по секое тримесечие треба да има екстерно, но без претходно да се дадат прашањата, за да може тие што „имаат врски” да „паднат” на тестот, а тие што реално си учат, да положат.

Целите заклучоци и резултати од анкетата може да ги погледнете тука.

Слично

Поврзани вести