Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што менаџира Сотир Лукровски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Карпош?

Што менаџира Сотир Лукровски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Карпош?

Сотир Лукровски е името кое без претходна најава вчера беше официјално потврдено од ВМРО-ДПМНЕ како кандидат за градоначалник на Општина Карпош на есенските локални избори кои следуваат.

За Лукровски влера единствено беше кажано дека доаѓа од приватниот сектор и дека има успешна професионална кариера со менаџерски способности, како и дека е еден од ретхите кандидати кој нема претходна политичка кариера. 

„Тој е роден карпошанец, сопруг и татко на три деца, дипломиран економист и доаѓа од менаџерска позиција во една од најголемите домашни компании. Лукровски е по потекло од Егејска Македонија и е повеќегодишен граѓански активист и борец за правата на Македонците во Грција. Таа негова активност му донесе и забрана за влез кај нашиот јужен сосед“, беше кажано вчера по состанокот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

- Да го вратиме Карпош на Карпошани, на убавите населби, зеленило и урбано живеење, а не дивеење. Да ги направиме децата горди на нас и нашата работа, тие се иднината на нашиот Карпош.

Карпош може. Карпош заслужува подобро, а јас верувам дека тоа може да се постигне со работа, визија и чесно водство. Ви ветувам многу работа, транспарентност, достапност, ви ветувам многу љубов за Карпош , соопшти Лукровски по вчерашната кандидатура.

Инаку Лукровски не е бизнисмен, туку е секторски директор во компанија која има сложена организациска структура. Тој го води одделот за продажби и маркетинг оперативни активности во Алкалоид Конс, што може да се види на самата веб страница на компанијата и на неговиот профил на Linkedin.

Оваа компанија е во сопственост на АД Алкалоид со основна дејност продажба на големо на лекови и медицински помагала. Основана е во 2004 и на крајот од минатата година имала 42 работници. Приходите лани биле 43 милиони евра и се со раст од 29 отсто. Пораст има и на добивката од 74 проценти и изнесува 760.000 евра.

Инаку вчера ВМРО-ДПМНЕ истовремено објави дека актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ќе биде кандидат на оваа партија за градоначалник на Град Скопје.

А.К.


Слично

Поврзани вести