Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што купуваат Македонците најмногу од Интернет?

Што купуваат Македонците најмногу од Интернет?

Како што напредува технологијата така онлајн купувањето зема замав.

30% годишен раст во интернет купувањето регистрира статистиката на Народна банка според која скоро 85 милиони евра се трансакциите направени кон домашни и странски компании.

Што се купува најмногу?

Интернет купувачите најмногу пари даваат за облека, потоа следат спортската и електронска опрема а за домаќинките тука се производите за домаќинство.

Она што е пресудно кај интернет купувачите се пониските цени кои може да се начекаат многу често, а купувачите се со различни искуства. 

Има такви кои купуваат редовно, но и такви кои порачуваат инцидентно. Сепак според познавачите од оваа област меѓу кои е и Катерина Ангеловска интернет трговијата се уште учествува со мал процент, или 2%, за разлика од развиените пазари каде учестувото е над 10%.

Слично

Поврзани вести