Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО КРИЕ ТИМОТ НА ЃОКОВИЌ - на Новак во Париз од трибините му додадоа „мистериозно шишенце“, се вжештија социјалните мрежи

ШТО КРИЕ ТИМОТ НА ЃОКОВИЌ - на Новак во Париз од трибините му додадоа „мистериозно шишенце“, се вжештија социјалните мрежи

Новак Ѓоковиќ загуби во финалето на Мастерсот во Париз од Холгер Рун со 3:6, 6:3, 7:5.

Српскиот тенисер не успеа да го освои овој турнир по седми пат, но титулата му припадна на еден млад Данец.

Пред финалето на социјалните мрежи се прошири видео со детали од мечот на Ѓоковиќ против Гркот Стефанос Циципас во полуфиналето.

Непозната течност

На видеото се гледа како членовите на тимот на Ѓоковиќ, Улисес Бадио, Горан Иванишевиќ и Марко Паничи се обидуваат да сокријат неколку ампули со непозната течност, која ја истураат во празна вијала.

Се гледа и дека се обидуваат да се скријат од камерите, па еден од тренерите се обидел се да покрие со грб. Шишето на крајот преку собирачот на топки стигна до Ѓоковиќ, кој сето тоа го испи - пишува хрватски Индекс.

„Што кријат?

Критичарите на Ѓоковиќ не можеа да дочекаат ваква сцена.

- Секогаш мислев дека треба да има малку поголема транспарентност со супстанците што ги земаат играчите, особено за време на натпреварите, но и ретко мислев дека нешто не е во ред. Боже, говорот на телото во ова видео е бизарен. Што крие тимот на Ѓоковиќ – коментира Бен Ротенберг, голем критичар на Ѓоковиќ.


Слично

Поврзани вести