Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што коментира Заев за договорот што го постигнаа партиите?

Што коментира Заев за договорот што го постигнаа партиите?

Овој договор што се постигна е пред `се и над се поголем договор за граѓаните на Република Македонија и е излез од политичката криза, смета опозицискиот лидер Зоран Заев.

Тој коментирајќи го Договорот што политичките партии го потпишаа изјави дека за СДСМ истиот е поволен.

„Договорот којшто го постигнавме за СДСМ е поволен заради тоа што ги обезбедува чекорите за исполнување на минимум двата услова, а тоа е минимум регулација на медиумите преку формирањето на ад-хок телото, но секако и допрочистување на Избирачкиот список онолку колку што е можно. Со овие две фази очекуваме избалансирано известување на медиумите, очекуваме почитување на професионалните стандарди, етичките кодекси, не ширење омраза од страна на медиумите во Република Македонија се со конечна цел да дадат подобро изразување на слободна волја на граѓаните. Истовремено процесот ДИК што треба да го заврши во наредните 30-тина дена, а на крајот ќе го констатираме ние лидерите на четирите партии, треба да го предочи конечниот Избирачки список за наредните парламентарни избори којшто конечно нема да биде 1.813.000 или 1.804.000, туку ќе биде помеѓу 1.550.000 и 1.580.000. Тоа е веќе нешто ново, нешто фер, целосно се отстранува можноста да се злоупотребат евентуално гласачи во Избирачкиот процес, дополнително и тоа ја гарантира слободно изразената волја на граѓаните“, истакнува Заев.

Тој дополнува дека опозицијата целиот овој период се обидува да стави крај на историската голгота и застрашувачката деструкција на виталните државни и национални интереси на современата држава Република Македонија од страна на Никола Груевски и неколкумина околу него.

„Граѓаните на слободни и демократски избори ќе го покажат патоказот по којшто ќе се движиме во годините на нашите најголеми предизвици и искушенија. Сакал Никола Груевски или не, граѓаните имаат право на слободни и демократски избори и таквите избори набрзо ќе се случат во Република Македонија“, заклучува во изјавата опозиционерот.

Слично

Поврзани вести