Што ќе се случува со платите во ЕУ во 2026 година?
Според Европската централна банка (ЕЦБ), реалните плати во еврозоната во голема мера се опоравија.
Според извештајот „Трендови на плати 2025-26“ од Employment Conditions Abroad (ECA), реалните плати се зголемиле во 2025 година во речиси сите анкетирани европски земји, а се очекува овој тренд да продолжи и во 2026 година.
До крајот на 2025 година, реалните плати ќе се зголемат во 23 од 25-те анализирани европски земји, се вели во извештајот, додека се очекува пад во Романија (-0,9 проценти) и Украина (-3,2 проценти). Во останатите земји, растот се движи од скромни 0,2 проценти во Австрија до дури 5,1 процент во Турција.
Во Турција, комбинацијата од номинално зголемување на платите од 40 проценти и проекцијата на Меѓународниот монетарен фонд за инфлација од 34,9 проценти резултира со раст на реалните плати од 5,1 процент. Ова ја става Турција на прво место во однос на растот на реалните плати, по што следат Бугарија и Унгарија.
Меѓу големите четири европски економии, највисок раст на реалните плати има Франција, по што следат Германија, Италија и Обединетото Кралство.
foto freepik.com