Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што ќе се случува со кинеската економија откако јуанот стана светска валута?

Што ќе се случува со кинеската економија откако јуанот стана светска валута?

Кина ќе го искористи официјалното влегување на јуанот во кошницата од резервни валути на Меѓународниот монетарен фонд, за да направи финансиски реформи и да го прошири отворањето на својот финансиски сектор.. 

Земјата ќе придонесе за раст на светската економија и  финансиската стабилност, а кинеската е  втората по сила економија во светот, пишува Блумберг.

Од Кинеската централна банка велат дека ова ќе помогне за зголемување на репрезентативноста, стабилноста и атрактивноста на специјалните права на влечење и за подобрување на меѓународниот монетарен систем. 

Според кредитната агенција Фич, вклучувањето на јуанот во СПВ на ММФ најверојатно ќе има слабо влијание врз побарувачката на кинеската валута и нема да има непосреден ефект врз суверениот кредитен рејтинг на Кина. Одлуката на ММФ сепак да го вклучи јуанот во составот на официјалните девизни резерви (COFER) и дава статус на резервна валута, што од своја страна може да обезбеди поддршка за кредитниот профил на Кина на среднорочен план. 

Кошницата од основните валути на Меѓународниот монетарен фонд е основана во 1969 година и во неа влегуваа доларот, британската фунта, еврото и јапонскиот јен. Целта на СПВ е да се регулираат меѓународните девизни резерви на земјите кои членуваат во фондот. 

Кина успеа дури во вториот обид: на крајот на 2015 година ММФ го прифати барањето на Пекинг и неговата валута јуан, да биде вклучена во валутите кои служат како пресметувачки единици во таа меѓународна финансиска институција. 

Со влегувањето на кинескиот јуан во т.н „валутна кошница" на ММФ пред сѐ загуби еврото. На јуанот му е доделена вредост од 10,92%, доларот останат доминантен со 41,73%, но еврото падна на 30,93 %. Јенот сега има учество од 8,33% а фунтата од 8,09 %. 


Слично

Поврзани вести