Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СО НЕГОВИТЕ НОЗЕ Е НЕИЗВЕСНО: Момче повредено во масакрот во Белград се оперираше во Чикаго

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СО НЕГОВИТЕ НОЗЕ Е НЕИЗВЕСНО: Момче повредено во масакрот во Белград се оперираше во Чикаго

Момче кое беше рането во масакрот кој на 3-ти мај се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград е оперирано во Чикаго. 

Министерката за здравство, проф. д-р Даница Грујичиќ вели дека нејзините колеги се задоволни од операцијата, дека штетата е тешка и дека детето моментално е на специјална рехабилитација.

Грујичиќ рече дека заздравувањето ќе трае долго.

„Тоа е ‘рбетниот мозок. Тука е и проблемот со брахијалниот плексус на десната страна. Тој доста добро ја движеше левата рака и пред таа операција. Што ќе се случи со неговите нозе е неизвесно. Најважно е што верува може да се опорави. Психичката состојба е многу важна. Немам информации за неговата моментална состојба. Додека беше во Белград имаше фази и расположение и нерасположение. Млад е, момче кое беше многу активно, наеднаш стана зависен на туѓа целосна грижа.не е лесно“, објаснува проф. Грујичиќ.

Неговите родители, кои се лекари, отишле во Чикаго со момчето. Во масакрот загинаа 10 луѓе, а неколку беа повредени. Масовното убиство го изврши 13 годишно момче. 

Слично

Поврзани вести