Што ќе се случи со милиони тони жито заглавени во украинските пристаништа?
Милиони тони жито се заглавени во украинските пристаништа.
Извозот на храна е исклучително тежок бидејќи украинските пристаништа и поморските патишта се недостапни поради руската инвазија.
Обединетите нации (ОН) предупредија дека војната сериозно влијае на нивната способност да ја достават итно потребната храна во земјите ширум светот.
„Во моментов, речиси 4,5 милиони тони жито се заглавени во украинските пристаништа и на бродови и не можат да се користат“, изјави директор на Светската програма за храна на ОН (WFP) во Германија, Мартин Фрик.
Украина ги обвини руските сили за кражба на жито. Големи се шансите светот да се соочи со глад, и ова посебно се однесува на Африка, каде недостигот на храна и онака е присутен.
