Што ќе се случи со бензин и дизел автомобилите во ЕУ по 2030 година?
Германија предлага по 2030 година да не се користат бензин и дизел автомобили.
Целта е намалување на даноците и таксите со цел преминување кон еколошки чист транспорт.
Горниот дом на парламентот на Германија предложи на Европската комисија по 2030 година во ЕУ да не се регистрираат нови автомобили со бензински и дизел мотори, соопшти ТАСС, цитирајќи го „Шпигел". Мерките треба да доведат до целосно отстранување на автомобилите со штетни гасови, најдоцна до 2030 година.
Иако изгледа нагло, идејата е во склад со мировниот договор за климата, што наведува дека штетното влијание на автомобилите треба да биде сериозно ограничено, до 2050 година. Германија треба да го намали во атмосферата јаглерод диоксид за 95%. Според „Шпигел" сепак луѓето засега не сакаат да купуваат електрични автомобили, иако се нудат и субвенции за нив. Ова се должи на ставот на купувачите, но и на тоа дека во земјата нема доволно добра инфраструктура што ќе овозможи масовно користење на електричните автомобили.
