Што ќе се прави со објектите на СФРЈ?
Се бара решение за 51 објект од поранешна СФРЈ.
Мешовитиот комитет за сукцесија, во кој има претставници на Македонија, Србија, Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина, утре ќе одржат состанок во Белград.
Ова го изјави претставникот на Србија во тоа тело Вељко Одаловиќ.
„Верувам дека во текот на следната година ќе ги решиме најголемиот број проблеми. Постои еден број објекти кои неспорно можат да се поделат и ќе инсистираме на тоа на претстојната средба“- изјави Одаловиќ за РТС.
Тој додаде дека од 123 објекти на поранешна Југославија во странство, 72 се поделени, а за 51 објект се бара решение.
Слично
