Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што ќе се менува кај пензискиот модел, Битиќи најави раст на пензиите

Што ќе се менува кај пензискиот модел, Битиќи најави раст на пензиите

Пензискиот фонд обезбедува стабилен приход за да се посегне по менување на пензискиот модел и да се направи раст на пензиите.

Ова го кажа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во своето гостување на емисијата 24 Анализа на телевизијата 24.

Тој истакна дека надлежните размислуваат да го сменат моделот за раст на пензиите бидејќи досегашниот не обезбедувал достоен раст на пензиите.

На крајот на минатиот месец, Битиќи изјави дека се подготвува покачување на пензиите „какво што не било досега“.

„Сега, со усогласувањето, сите пензионери добиваат зголемени пензии за речиси три проценти. Се прават последните калкулации и очекуваме зголемување на пензиите во скоро време. Не можам да лицитирам со бројки. Не сакам да играм со методологијата, но покачувањето на пензиите ќе биде какво што не било досега. Со тоа ќе покажеме дека имаме стабилен пензински фонд и дека се грижиме за оваа категорија граѓани. Остануваме на ставот дека пензиите мора да се зголемат. Сѐ додека правиме анализи, не можам да зборувам за бројки, но ќе биде поинаку од претходно“, изјави вицепремиерот за економски прашања во гостувањето на телевизија ТВ 24.

Слично

Поврзани вести