ШТО ЌЕ СЕ ГРАДИ ВО 2015: Градската каса догодина потешка за околу девет милиони евра!
Градскиот буџет следната година ќе биде потежок за 14,8 отсто во споредба со годинешниот буџет. Според Нацрт Буџетот за 2015, Градот Скопје, следната година планира да оствари вкупни приходи и други приливи во вредност од близу 94 милиони евра, што е повеќе од годинешните близу 85 милиони евра. Основниот Буџет е планиран во висина од 65.024.390 евра, 22.796.747 евра отпаѓаат на Буџетот на дотации, со над еден милион евра градската каса ќе се надополни со донации, 3.609.756 ерва се планирани за Буџетот на кредити и Буџетот на самофинасирачки активности ќе тежи 5.022.959 евра. Буџетскиот дефицит за следната година е проектиран на 1.333.333 евра.
Догодина во градската каса од даночните приходи, односно по основ на данок на имот, дозволи за вршење дејност, данок од добивка, такси на косристење се очекува да се слеат над 29 милиони евра. По основ на неданочни приходи, односно судски и административни такси, глоби, такси и надоместоци, претрпиемачки приход и дируги неданочни приходи во буџетот ќе се соберат 10.388.813, што е повеќе годинешните 7.800.162 евра по овој основ. Од капиталните приходи се очекува да се слеат 18.617.886 евра, а од дотации 22.796.747 евра.
На расходната страна догодна од градската каса најмногу пари или 42.670.439 евра ќе се потрошат за капитални проекти. Над 20 милиони и триста илјади евра се планирани за плати и надоместоци, речиси 26 милиони евра се предвидени за стоки и услуги, остатокот отпаѓа на отплата на главница, каматни плаќања, субвенции и трансфери, резерви и недефинирани расходи.
И догодина во градската каса ќе има пари за Луна парк, Градска куќа, катни гаражи
За Секторот за планирање и уредување на просторот од Буџетот се планирани 35.879.642 евра. Над еден милион и триста илјади евра се предвидени за изградба и надзор на Градската куќа. И во буџетот за следната година се планирани пари за изградба на долгонајавуваниот Луна парк, за што се предвидени вкупно 430.894 евра. За реконструкција и изградба нa тротоари, плоштади и фонтани од Влада, во буџетот се планирани 4.934.089 евра. Еве дел од проектите од овој сектор, за кои се предвидени пари во градскиот буџет за 2015 година.
• Изработка на просторни и урбанистички планови 1.056.910 евра
• Изработка на физибилити студии 130.081 евра
• Електрична енергија и вода за фонтани 86.178 евра
• Одржување на фонтани и споменици 487.804 евра
• Изнајмување на магацински простор за модели од скулптури 40.650 евра
• Реконструкција на објекти на Град Скопје 32.520
• Изградба на улици и патишта 975.609 евра
• Опрема за катни гаражи (лифтови) 325.203 евра
• Изградба на катна гаража Даме Груев 4.608.130 евра
Ќе се реконструираат и градат булевари, улици, крстосници
Со Буџетот за следната следната година е предвидена реконструкција и изградба на булевари и делови од улици. Еве дел од улиците и булеварите кои за кои се планирани пари за реконструкција :
- Проект за крстосници на Јужен Булевар со К.Охридски и со Кочо Рацин (ЛИМАК) 48.780 евра
- Изградба на крстосници на Јужен Булевар со К.Охридски и со Кочо Рацин (ЛИМАК) 162.601 евра
- Изградба на ул. Павел Шатев 162.601 евра
- Изработка на проект за крстосница на две нивоа кај Судска палата 48.780 евра
- Изработка на проект за бул.Александар Македонски од Агросервис до клучка Дијамант 32.520 евра
- Проширување на бул.Александар Македонски од Агросервис до клучка Дијамант 162.601 евра
- Проширување на дел од ул.М.Т.Гологанов, од бу.К.Охридски до Клуб на пратеници 81.300 евра
- Реконструкција на ул. Митрополит Т. ГОЛОГАНОВ 943.089 евра
- Реконструкција на мостови (конструкција, коловоз, тротоари, огради, дилатациони фуги и осветлување) 943.089 евра
- III Македонска бригада I и II фаза со кружен тек 650.406 евра
Слично
