Што ќе работи Вучиќ откако ќе си замине од власт?
Српскиот претседател Александар Вучиќ кажа што би работел откако ќе си замине од власт.
„Кога наскоро ќе ја напуштам власта, а кога мојата ќерка ќе се врати од магистерските студии – се занимаваше со статистика – ако отвори своја компанија, ќе работам за неа“, изјави тој.
Пред таа изјава, Вучиќ ги коментираше најновите наоди на агенцијата Ипсос, нагласувајќи дека резултатите од истражувањето претставуваат само слика од она што сте го правеле и дека тие не се причина ниту за посебна радост ниту за посебна загриженост.
Рече дека гледајќи ги резултатите од најновите истражувања, за првпат е задоволен по една година и повеќе месеци.
фото Фејсбук/Александар Вучиќ
Слично
