Што ќе преземе ОПЕК за нафтата до крајот на 2017?
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) може да продолжи со намалувањето на приносот до крајот на 2017 година, ако и другите производители ги продолжат активностите во оваа насока.
Помалку од две недели по договорот меѓу картелот и земјите производители надвор од него, Саудиска Арабија и Кувајт најавија дека се отворени за продолжување на 6-месечниот договор.
„Ако продолжиме да ги гледаме сегашните цени и посветеноста од страна на групата, како и задоволителните нивоа на производство од земјите надвор од ОПЕК, сметам дека можеме да го продолжиме договорот со уште шест месеци"- рече нафтениот министер за Кувајт, Есам ал-Марзуки, пренесува CNN Money.
На крајот на минатата година некои земји надвор ОПЕК - Русија, Мексико и Казахстан - се согласија да се приклучат на членовите на картелот во неговите напори да го ограничат производството.
Но, скептицизмот продолжува да постои. Од 1989 година ОПЕК договорил безброј кратења на производството како тоа од минатата година.
Ветеното намалување на производството веќе ги зголеми цените на нафтата и тоа ги стимулира инвестициите.
