Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што ќе прави Европа без руската нафта?

Што ќе прави Европа без руската нафта?

Во Европа сé повеќе им недостига руската нафта, затоа што Русија, еден од најголемите светски производители, големите количества од „црното злато“ ги насочува кон Кина.

Според податоците на њујоршката агенција „Блумберг“, во првите месеци годинава Русија ќе испорача во просек 19 отсто помалку нафта преку своите главни пристаништа на Балтикот и Црно Море во споредба со истиот период минатата година. 

Испораката на нафта за Кина во исто време е зголемена за 43 отсто во првите три месеци од годинава, покажуваат неодамна објавените податоци на рускиот државен оператор Трансњефт.

„Поради таквата промена, европските рафинерии ќе треба да бараат замена за руските пратки, кои најверојатно ќе се свртат кон испораките од Блискиот Исток и САД“- вели Алан Гелдер од лондонската консултантска фирма „Вуд Мекензи“.

Вели дека испораките на нафта од Блискиот Исток кон Азија, како што се оценува, ќе бидат намалени поради зголемениот удел на руска нафта на азискиот пазар, поради што Блискиот Исток тие барели ќе ги насочи кон Европа. 

Тој наведува дека европскиот континент увезува најголеми количества нафта од Русија, повеќе од која било друга земја.

Вкупните испораки на нафта во Кина се зголемени на 750.000 барели дневно во првиот квартал.

Слично

Поврзани вести