Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што ќе донесат новите патарини на македонските патишта?

Што ќе донесат новите патарини на македонските патишта?

Подолго очекуваниот проект за поставување на нови патарини на македонските патишта треба да започне со реализација од следната година откако ќе заврши инсталацијата на системот за електронска наплата на патна такса и модернизацијата на патарините долж Коридорот 10. Проектот започна да се реализира почнат во 2014 година но, сега динамиката ќе се засили.

Пуштањето на новиот систем, како што вели директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, нема да предизвика намалување на бројот на вработените. Смета, како што вели, дека сегашните цени на патарините не треба да имаат корекци и покрај коментарите на граѓаните дека плаќат многу, а возат по руинирани патишта. Треба да се има предвид и тоа, посочува, дека дел од граѓаните се возат, а не плаќаат и ќе мора да се стави плаќање и на излез.

- Во патарините имате затворен и отворен систем. Сега ако се возите од кај Гевгелија и на крстосницата кај Неготино - Кавадарци свртите за Прилеп не плаќате ништо. Сега таму ќе поставиме патарина, возењето да се плати пресметано за минатата километража. Така е на Запад. Ќе има сосема солиден спореден пат. Ние сме должни кога се гради автопат да има спореден пат, изјави за МИА Китанов. 


Слично

Поврзани вести