Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што ќе се случи со побарувачката на нафта догодина?

Што ќе се случи со побарувачката на нафта догодина?

Прогнозата за побарувачката на нафта во 2017 година е намалена, поради послабите перспективи на глобалната економија по Брегзит.

Меѓународната агенција за енергетика прогнозира ваква состојба. Оттаму велат дека во 2017 година растот на побарувачката на нафта во светот ќе успори од сегашните 1,4 милиони барели дневно на 1,2 милиони барели.

Во извештајот се наведува дека ваквите прогнози се базирани на „мрачните макроекономски перспективи“ на глобално ниво.

Агенцијата со седиште во Париз, која е поврзана со Организацијата за економска соработка и развој, во јули излезе со проценка дека глобалната потрошувачката на нафта во 2017 година ќе биде 1,3 милиони барели дневно. Ревидираните проекции за 2017 година се врз бара на јулската прогноза на ММФ, која ги намали очекувањата за економски раст.

Понудата на нафта на светско ниво се зголеми минатиот месец како резултат на зголеменото производство и од страна на земјите членки на Организацијата на држави извознички на нафта(ОПЕК), но и на земјите кои не се членки на ОПЕК. Суровата нафта во моментов се продава за околу 45 долари за барел.

Слично

Поврзани вести