Што ќе се промени по одмрзнувањето на односите со Иран?
По влегувањето во сила на договорот за иранската нуклеарна програма се очекуваат трансакции со Иран во вредност од 100 милијарди долари - во областа на нафтата и на купување на авиони Airbus. Билансот на силите на Блискиот Исток, исто така ќе се промени. Но многумина, меѓу кои и конзервативците во Техеран, не се задоволни од овој договор, пишува во анализа италијанскиот весник Corriere della Sera цитиран од агенциите .
Беа потребни неколку часа за да се види јасно каков економски и политички потенцијал во себе содржи договорот за иранската нуклеарна програма. Дури уште пред Меѓународната агенција за атомска енергија да објави извештај во кој се потврдува дека Техеран се придржува кон барањата на нуклеарното договор, со кој пак се поставуваат санкциите против Исламската Република, две вести го привлекоа вниманието на сите медиуми во светот.
Петмина Американци беа ослободени од ирански затвори, меѓу кои новинарот на Washington Post Џејсон Резајан. А иранското Министерство за транспорт најави дека ќе купи 114 авиони од конзорциумот Airbus. Ова е една од најголемите нарачки во историјата на европскиот конзорциум. Таа е во вредност од 10 милијарди евра. Деталите претстои да се прецизираат. Нарачката е договарана тајно со месеци, потсетува весникот.
Овие две вести им покажаа на Американците колку се променила климата меѓу Вашингтон и Техеран по 40 години на меѓусебни судири. Тие покажаа дека овие две земји можат да воспоставуваат ефикасни канали на дипломатска комуникација. Мали се сомнежите дека почнува нова фаза во односите меѓу двете земји и тоа ги возбудува традиционалните сојузници на САД на Блискиот Исток, потресена од битката за регионална супериорност која се води меѓу шиитски Иран и двете големи сунитски држави - Саудиска Арабија и Турција. Еден конфликт, во кој се вмеша и Исламска држава, непријател на сите и егзистенцијална закана за кревките арапски режими, наведува Washington Post.
Приближувањето на САД и Иран предизвикува голема загриженост кај Израел, кој смета дека договорот со Иран не дава доволно гаранции во врска со воените амбиции на Техеран, иако таа ја замрзне за над 10 години иранската нуклеарна програма.
Враќањето на Иран на полноправна позиција во меѓународната заедница би можело да ја преврти внатрешната геополитичка рамнотежа во регионот. Ова враќање им дава на западните земји нов важен играч во борбата против сунитскиот тероризам и во решавањето на кризите кои го дестабилизираат регионот, принудувајќи милиони бегалци да бараат азил во Европа, коментира весникот.
Многу нешта зависат и од излезот на битката која се води сега во Иран, каде што тврдокорните и непоколебливи следбеници на режимот не пропуштаат прилика да го нападнат раководството на претседателот Хасан Рохан и на неговиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф, кои бараа многу за нуклеарниот договор во името на економското спасување на земјата. Решавачка средба во оваа насока се парламентарните избори во Иран во март. Ако нив ги освојат конзервативците, ќе биде тешко да се замисли соработката со овој режим, кој најверојатно ќе продолжи да ги подгрева Марионетските војни во Сирија, Ирак и Јемен. Но на изборите може вагата да се сврти и во корист на реформаторите.
Уште поексплозивно во глобален план може да биде економското влијание на нуклеарниот договор. Се смета дека Иран има речиси 100 милијарди долари замрзнати во странски банки.
Во следните месеци Иран ќе може повторно да располага со нив. Договорот со Airbus е само првиот пример што ќе го направи Иран со овие пари. Веќе со месеци раководителите на големите меѓународни компании прават шатлови до Техеран, привлечени од можноста за еден пазар, кој жеднее за сè, од автомобили до фрижидери. Голем повод за загриженоста е сепак враќањето на Техеран на нафтените пазари. Властите на Иран веќе најавија дека сакаат да се зголеми на 500 илјади барели дневно извозот на нафта кон Азија и кон Европа во следните недели и да стигнат до 1 милион до крајот на годината. Овие перспективи придонесоа за уште поголем пад на цените на нафтата, кои и без тоа се намалија под 30 долари за барел уште кон крајот на минатата недела за прв пат од 12 години, коментира Corriere della Sera.
