Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО ЌЕ СЕ ГРАДИ ВО СКОПЈЕ: Амбициозна тригодишна програма на Коце Трајановски!

ШТО ЌЕ СЕ ГРАДИ ВО СКОПЈЕ: Амбициозна тригодишна програма на Коце Трајановски!
Над 35 милиони евра следната година ќе се одвојат од градската каса за проекти наменети за изградба на комерцијални објекти, енергетска ефикасност,  реконструкција и доградба на објекти и фасади, изградба на магистрални и собирни улици, уредување на градежно земјиште, Луна Парк, и други проекти предвидени со Нацрт Планот на Програмата за развој 2016-2018 година. Пресметано за сите проекти од оваа програма вкупно во следните три години е планирано да се потрошат 99.756.029 евра. Нешто повеќе од 2 милиони 770 илјади евра следната година се предвидени за подобрување на условите за работа на градската администрација што Градот Скопје планира да ги исполни преку набавка на компјутерски софтвер, изградба на новиот административен објект – градска куќа и купување канцелариски мебел и информатичка опрема за потребите на градската администрација. Во 2017-та година за оваа намена од градскиот буџет ќе се одвојат повеќе пари или 5.544.715 евра, а во 2018-та се планирани нешто повеќе од два милиони евра. fasadiЗа реконструкција и доградба на објекти и фасади во следните три години од градската каса е предвидено да се одвојат близу 8 милиони евра. Или поединачно по години, следната година за оваа намена ќе се потрошат 4.715.447 евра, во 2017-та година за оваа цел ќе се намента 2 милиони и 113 илјади евра, а во 2018-та се планирани 975.609 евра. -Целта на оваа програма е да се изврши обновувањето на фасадите на зградите кои гравитираат во централното градско подрачје, односно околу градскиот плоштад со што ќе се овозможи свеж и обновен изглед на центарот на градот кој е особено привлечен за странските туристи. Дел од средствата потребни за обновување на фасадите се обезбедени преку капитални дотации од Буџетот на Република Македонија, се наведува во образложението на  Нацрт Планот на Програмата за развој 2016-2018 година. За потпрограмата Уредување на градежно земјиште за следните три години се планирани вкупно 6.731.706 евра, од кои за следната година е планирано да се потрошат 2.341.463 евра, а остатокот од парите во 2017 и 2018-та година. - Со уредувањето на градежното земјиште се врши изградба на комунална инфраструктура, односно опремување на градежното земјиште со објекти на основната инфраструктура, согласно превземените обврски по склучени договори за надоместок за уредување на градежно земјиште, се посочува во Нацрт Планот на Програмата за развој 2016-2018 година. За изградба на комерцијални објекти догодина се предвидени 1.463.414 евра, или вкупно за следните три години за оваа намена од градката каса е планирано да се одвојат 5.365.852 евра. Во оваа ставка спаѓа и изградбата на долгонајавуваниот Луна Парк. 20150917-kako-kje-izgleda-skopskiot-luna-park-4 (1)   -Примарна цел на програмата е изградба на комерцијални објекти кои се од особен интерес за граѓаните на подрачје на Град Скопје. Во 2016 година се планира започнување со реализација на изградба на Луна Паркот со што ќе се овозможи зголемување и обогатување на културно-социјалниот живот на граѓаните во Градот, образложуваат од Градот Скопје. За обезбедување на енергетска ефиасност во објектите на средните училишта и на јавните културни установи, се предвидени најмалку пари за разлика од другите проекти. Така  следната година за оваа намена се планирани 373.983 евра, во 2017-та и 2018-та година  се предвидени по 325 илјади евра. Проектите според образложението предвидуваат проектирање, ревизија и изведба за гасификација на средни училишта и кофинансирање во проекти за енергетска ефикасност. Најмногу пари во следните три години или вкупно близу 64 милиони евра Градот ќе потроши за изградба на магистрални и собирни улици. За догодина се предвидени 20.382.113 евра, следната 2017-та близу 27 милиони евра, а вбо 2018 –та година за оваа намена ќе се одвојат 16.585.365 евра. Од Градот обрзаложуваат дека целтра на оваа потпрограма е подобрување на сообраќајот на подрачјето на Град Скопје, преку реализација на сообраќајните решенија за магистралните и собирните улици согласно ГУП-от на Град Скопје и соодветните ДУП-ови.Дел од парите за оваа намена ќе бидат обезбедени од кредити. ilindenska -Со реализација на оваа потпрограма ќе се обезбеди поголема проодност на возилата, како и побрзо и подобро сообраќајно поврзување на подрачјето на Градот што ќе се остварува преку:подготвување на проекти на улици,реконструкција на улици и булевари,реконструкција на мостови,реконструкција на тротоари,изградба на автобуски постојки и стојалишта,изградба на надвозници, се посочува во Програмата. За изградба на системи за водоснабдување за следната година се планирани близу 2 милиони евра, или вкупно за сите три години за оваа намена ќе се поторошат 2.347.966 евра.Дел од парите ќе се  обезбедат од кредити. Близу 1,6 милиони евра следната година ќе се одвојат за изградба на систем за одведување и прочистување на отпадни води, а  за истата намена во 2017-та година се планирани околу 650 илјади евра. Инаку за следната година приходите во вкупниот Буџет на Град Скопје се проектирани на 100.908.032 евра, а расходите на 102 милиони евра. Дефицитот е проектиран да изнесува 1.626.016 евра. Според податоците од основниот буџет на Град Скопје, градските власти догодина ќе имаат на располагање близу 71 милион евра за тековни и капитални расходи. Ј.С
Слично

Поврзани вести