Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што ќе донесе новата 2016-та за студентите?!

Што ќе донесе новата 2016-та за студентите?!

Институционална борба и поголеми права за заштита на студентите-ова се главните точки на кои ќе се фокусираат членовите на Студентскиот пленум во Новата година. Велат очекуваат поголема активност од нивните колеги кои често и незнаат дека веќе една година студентите на УКИМ немаат студентско раководство, а  мандатот на Студентскиот парламент  исто толку време е истечен. Претседателот на СПУКМ Спировски,  велат веќе одамна не се појавува во јавноста ниту ги застапува правата и интересите на студентите . Студентскиот пленум најави институционална борба за заштита нивните права. Прво велат  ќе се обратат до Ректорската управа и Сенатот.

Системот објаснуваат студентите,  има структура која овозможува централизирање на моќта во едно студентско тело врз кое нема соодветен мониторинг за неговата работа и претставува   реален проблем со кој се соочуваат со години наназад.  Па така објаснуваат дека сеуште на македонските факултети има изборен систем кој е недоследно спроведен со директни партиски влијанија врз студентските претставнички структури,  што дополнително создава чувство на апатија кај студентите.

“Студентскиот парламент се покажа дека е нелигитмен, а уште повеќе нетранспарентен бидејќи мандатот на претседателот е истечен уште во септември и од тогаш не се распишани избори. Тоа значи дека моментално нема легален и легитимен претставник на студентите. Јасно е на кој начин се бираат претставниците на СПУКМ, нетранспарентно и контроверзно, дури имаме и кривични пријави за фалсификување на потписи на студенти од нивна страна. Кога би имало  малку транспарентност и контрола не би се злоупотребувале средствата, затоа  сметаме дека во студентското здружување треба да постојат повеќе репрезентативни, конкурентни организации кои ќе се натпреваруваат за гласот на студентот и ќе го претставуваат неговиот најдобар интерес. Така би имало контрола врз трошењето и нема да ги имаме овие проблеми кои се влечат со години наназад  и го гушат студентското здружување” -велат студенти од Пленумот.

Милионските суми кои се влеваат во касата на Студентскиот  парламент, потенцираат дека се табу тема за студентите,  бидејќи не се  знае каде завршуваат  парите  по основ на задолжителна чланарина кои секој студент мора да ги уплати на сметка на организацијата. Според нив  на системот на студентско организирање му е потребна темелна реформа,  пред се во нивото на регулацијата, структурата и редефинирање на односот на претставничката форма помеѓу студентите и образовните институции.

Оттука бараат итно дефинирање на поимот студентска организација и форми на самоорганизирање, создавање на студентски претставнички тела по мерка на студентите и воспоставување на систем на контрола врз финансирањето на студентските претставнички тела.

“Рокот за распишување на избори беше во семптември, но не беше испочитуван. Исто така имаше најави околу почетокот на декемви дека ќе се распишат изборите, но еве, веќе дојде  јануари и сеуште нема  ништо. Тоа е уште еден индикатор како навистина ги “застапуваат’’ студентите.Унифицираниот модел на организирање и претставување  не дозволува флексибилност согласно условите на високообразовната средина и преференците на студентите” -реагираат од Студентскиот пленум.

Финансиските ресурси со кои располагаат студентските претставнички тела според студентите се еден од најзначајните сегменти кои ја дефинираат нивната моќ, влијание и улога. Оттука  велат логично и потребно е да очекуваат реформирање на системот  откако ќе се создаде општ консензус меѓу студентите за потребата од  ваков чекор, но и да се стекне подршка од  академската заедница со цел процесот на трансформација да биде поуспешен. Самата трансформација  велат не опфаќа само измена во постоечката правна рамка, туку и промена на начинот на кој се перцепира ова прашање и кај студентите и кај образовните институции.

Управувањето на високото образование во кое ќе има активно учество на студентите  како што велат е еден од најзначајните резултати кои произлегуваат од Болоњскиот процес  и е клучен сегмент кој треба да им обезбеди статус на партнери во креирањето на политиките во високото образование, но не преку студентски организации кои не ги штитат нивните права.

С.Б.

Слично

Поврзани вести