ШТО ЌЕ ДОНЕСЕ: Иво Вајгл им доаѓа на помош на преговарачите!
Очигледно нашите политичари не можат да постигнат напредок во преговорите без меѓународните олеснувачи.
Во текот на утрешниот ден се очекува на помош да пристигне и посредникот во преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Иво Вајгл.
Се очекува известувачот за Македонија во Европскиот парламент да има средби со челниците на партиите, а не е исклучена можноста за средба и со обвинителката Катица Јанева.
Според досегашниот тек на преговорите и покрај разочарувањата во Европската заедница, Вајгл искажува задоволство од досегашните преговори но сепак ќе побара од работните групи и политичките партии да го имплементираат договорот од Пржино и да ги почитуваат роковите.
Дали европратеникот ќе донесе нов предлог на преговарачката маса ќе видиме утре.
