Што ќе донесе денеска во актовката од Германија пратеникот Хајндл?
По трет пат германската булдожер дипломатија денеска ќе пристигне во Скопје.
Специјалниот германски пратеник Јоханес Хајндл според најавите ќе се надоврзе на двете посети од минатите недели.
Тој во дводневната посета на земјава на иста маса пак ќе седне со партиите кои се дел до потпишаниот договор од Пржино а ќе има средба и со претставниците од меѓународната заедница.
Хајндл е предвидено да се сретне и со Претседателот на државата Иванов, со Премиерот Димитриев, со министерот за надворешни работи Попоски и со специjалната обвинителка Jанева.
Тој во досегашните две средби им го порачуваше на лидерите истиот став како и Брисел-да ги стават државните пред партиските интереси.
„Мојот став е ист со последното соопштение на високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Федерика Могерини. Значи треба државните интереси да се стават над политичките, изјави германскиот специјален пратеник.
Слично
