Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што ќе  донесат новите законски измени за екстерното тестирање?!

Што ќе  донесат новите законски измени за екстерното тестирање?!
“Итноста и скратената постапка при измени и дополнувања на законите од сверата на образованието станаа пракса на власта последниве неколку години.Ништо не ме изненадува што измените се донесени без присуство на опозицијата, и досегашните измени во законите кои беа многу чести беа носени или без опозиција или пак бадијала беа дискусиите на опозицијата. Поголема трагедија е што измените се носат без никакви анализи или јавни расправи од страна на МОН околу измените со наставничката фела, родителите па и учениците кои се најдиректни корисници на законите” - реагира професорот Владо Димовски. Оние кои гласаа за измените и дополнувањата вели имаат или многу мало или воопшто немаат искуство во образованието за да можат да оценат какво образование е потребно во земјава. “Срамота и будалаштина, но тоа е тоа кога им е сеедно какво образование ќе имаат идните поколенија. Законите за основно и средно образование треба да претрпат коренити промени, а не некакви парцијални измени и дополнувања за собирање на политички поени пред избори или во предизборна година. Колку и да е голема грешката со воведувањето на екстерното тестирање толку е уште поголема неправдата што им е направена  на оние ученици од средните училишта кои заради слабите оценки во свидителствата не успеаја да се запишат на некои универзитети надвор од нашата земја. Таквата неправда со ништо неможе да се оправда бидејќи во прашање се неколку години и било какви измени сега неможе да важат ретроактивно. Друго е прашањето колку таа грешка влијаеше и влијае на евкупното образование. Со таквата грешка се осакатија неколку генерации млади ученици”- вели професорот Димовски. Новите законски измени според него нема да донесат  суштински промени бидејќи  се прави промена во формата, а не во содржината,  а дополнително целиот проект треба да заврши во 2017 тата година. “Скоро ништо не се менува и со овие измени и дополнувања околу екстерното. Многупати сум кажал дека додека не заврши проектот екстерно грешките ќе бидат постојани. Останува стресот, траумите кај децата, траумите кај родителите и стравот кај наставниците од евентуалните слаби резултати. Многу недоречености и околу овие измени но ајде кај и да е во 2017 година ќе заврши проектот па белким понатаму ќе се опаметат”- додава Димовски. Дел од вината за сегашната состојба во образованието вели е во наставничката фела која не беше доволно гласна во истерување на правдата. Дел од професорите вели молчат бидејќи  трпат силни притисоци и закани на работното место, но тоа според него треба да биде причина повеќе за реакција а не за молк. “Дел од вината  секако носиме и ние наставниците и родителите тука нема оправдување. Иако бевма малку гласни не бевме истрајни,  а секоја власт ги користи слабостите кај народот па така и во овој случај. Штетата е направена и  никој неможе да ја надомести, нема назад. Како и досега така и од сега и со овие измени се прави грешка. Скоро ништо не се менува и со овие измени и дополнувања околу екстерното. Многупати сум кажал дека додека не заврши проектот екстерно грешките ќе бидат постојани. Останува стресот, траумите кај децата, траумите кај родителите и стравот кај наставниците од евентуалните слаби резултати. Многу недоречености и околу овие измени но ајде кај и да е во 2017 година ќе заврши проектот па белким понатаму ќе се опаметат донесувачите на ваквите фалични закони па ќе ги анализираат досегашните грешки и ќе изготват поквалитетни закони за образование. Надежта последна умир”- нагласува професорот. Образованието како што вели е столбот на едно општество и една држава. Ако низ грешки се поткопува столбот на образованието за ситни политички поени, заплашувања и притисоци  тогаш смета дека се поткопува системот на државата, а држава без систем вели  не е држава. Со ослабување на образованието, сеењето страв кај наставничката фела, родителите и создавањето притисок според Димовски  се добија резултати на избори но се изгуби образовниот процес и образованието падна на најниска скала од постоењето на државата досега. Штетите ќе бидат уште поголеми доколку надлежните работат без претходни  анализи за потребите и одржливоста на проектите. “Кога ќе започнат  да запаѓаат  од грешка во грешка таа низа на грешки нема крај. Преовладува самобендисаноста кај политичарите дека само тие се паметни и никој друг иако преку грешките кои ги прават обратни се резултатите. Според мене последниве две години од екстерното тестирање не беа на нивото на кое би требало да биде. Се одеше по системот „Ајде веќе еднаш нека заврши тестирањево па што биде нека биде„. Ваквиот систем го покажаа и резултатите од севкупниот успех на екстерното тестирање. Оценката 3,2  на ниво на држава прво не е реална, второ сметам дека е слаба севкупна оценка на толку голема фама која се крена околу екстерното тестирање. нелогичностите околу казнувањето на наставниците во првата година од екстерното тестирање кои се појавија кај некои наставници кои предаваат во две училишта ист предмет во едното наградени а во другото казнети покажа дека нешто не штима во системот на екстерното тестирање. Да не ги споменувам слабостите кои се појавуваа од техничка природа”- вели Димовски. Рефлексиите  од лошо спроведените реформи според него се многу видливи бидејќи со години  статистиката покажува поразителни бројки и податоци дека се повеќе млади луѓе своето школување го продолжуваат надвор од нашава држава. “Oстануваат се понеуки политичари во РМ и затоа таква ни е состојбата во образованието па и во државата воопшто. Според мене излезот од ваквите состојби во образованието треба да бидат во отвореноста на МОН преку јавни дебати, анализи на крајот од секоја учебна година и носење на квалитетни закони за основно и средно образование. Додека не се направат анализи на досегашните грешки и состојби вака ќе тапкаме во место со образованието во Македонија”- порачува професорот по македонски јазик, Владо Димовски. С.Б.
Слично

Поврзани вести