Што ја закочи Американската економија?
Американската економија во првиот квартал оствари најмала стапка на раст во последните две години, поради забавувањето на потрошувачката, падот на бизнис инвестициите и извозот.
Бруто домашниот производ на САД во првото тромесечие порасна за скромни 0,5 одсто, што е значајно помало во однос на растот од 1,4 одсто од четвртиот квартал лани, соопшти американското министерство за трговија, пренесе АП.
Се работи за најлоши податоци уште од падот на БДП за 0,9 одсто во првите три месеци на 2014 година, оценува АП.
Откако почна опоравувањето на американската економија пред седум години, БДП во првиот квартал секоја година регистрирал лоши резултати за да се опорави дури на пролет.
Економистите и овј пат прогнозираат слична ситуација, предвидувајќи забрзување на стапката на раст на БДП, на 2,0 одсто во второто тромесечие.
