Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што ја вивна добивката на Комерцијална банка за 16 пати годинава

Што ја вивна добивката на Комерцијална банка за 16 пати годинава

Добивка од над 1,7 милијарди денари или повеќе од 28 милиони евра прокнижила Комерцијална банка во првите девет месеци годинава, објави банката во финансискиот извештај кој го достави до Македонска берза. Оваа добивка е повеќекратно поголема во однос на добивката на банката во истиот период лани кога е остварен профит во вкупна вредност од 106 милиони денари или 1,7 милиони евра.

Во коментарот на финансискиот резултат од Комерцијална банка велат дека ова се должи на повеќе фактори најмногу на продажбата на своите побарувања во „ФЕНИ ИНДУСТРИ АД Кавадарци во стечај".

„Согласно условите од договорот, целосна негова реализација и исплата на вкупниот износ на побарувањата беа реализирани до крајот на март, по што во билансите на Банката беше евидентирано ослободување на исправката на вредност и истото имаше соодветен ефект врз остварениот финансиски резултат. Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето е за 14,1% поголема во однос на минатата година година. Ова во најголем дел се должи на зголемувањето на останатите приходи, а пред сè на приходите од капитални добивки од продажба на преземен имот од должникот „Брилијант Штип“, што беше реализирано со склучување на договори за купопродажба на недвижен имот, подвижни предмети и права на индустриска сопственост со „Витаминка АД Прилеп“, стои во образложението од банката.

Инаку во дветте месеци годинава вкупните приходи од работењето изнесуваат 3.536,700,000 денари или над 57 милиони евра и се за 6,8 проценти повисоки во однос на истиот период лани.

Нето-приходите од камата сепак се намалиле за 12,5 проценти во однос на истиот период од минатата година што од Комерцијална го образложуваат со помалкуте кредити дадени на компаниите, но и од намалувањето на каматните стапки.

Нето приходите од провизии и надоместоци на на крајот на септември годинава се 624 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат минимално зголемување од 0,1 процент.

А.Т.


Слично

Поврзани вести