Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што ја „подгреа“ инфлацијата во Словенија?

Што ја „подгреа“ инфлацијата во Словенија?

Инфлацијата во Словенија расте. Во јули, просечните трошоци за живот беа за 2,8 проценти повисоки отколку пред една година и за 0,5 проценти повисоки отколку претходниот месец. Цените на услугите се зголемија за три проценти за една година, додека цените на стоките сe зголемија за 2,7 проценти, според податоците на Државниот завод за статистика (SURS).

Инфлацијата е со тоа повисока од претходниот месец (2,2 проценти) и од јули минатата година, кога изнесуваше 1,3 проценти. Најголем придонес кон годишната инфлација - 1,4 процентни поени - имаше зголемувањето на цената на храната и безалкохолните пијалоци (за 7,7 проценти), пишува SEEbiz.

Потоа следуваат повисоки цени во рестораните и хотелите (зголемување од 5,6 проценти) со 0,4 процентни поени, како и зголемување на цените во групата рекреација и култура (зголемување од три проценти) со 0,3 процентни поени. Врз пресметката на инфлацијата влијаеше и зголемувањето на цените во здравствената заштита (цените се зголемија за 4,3 проценти), како и во групата алкохол и тутун (зголемување од четири проценти).

Во споредба со јуни, потрошувачките цени се зголемија за 0,5 проценти во просек. Најголем придонес - 0,5 процентни поени - кон месечната инфлација имаа поскапите аранжмани за одмор, кои се зголемија за 12,4 проценти.

Повисоките цени во групата електрична енергија, гас и други горива (особено електричната енергија, чија цена се зголеми за 7,4 проценти), како и поскапите производи и услуги за лични возила (раст од 2,2 проценти), додадоа по 0,2 процентни поени.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести