Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО ЈА НАМАЛИ: Пад на стапката на невработеноста

ШТО ЈА НАМАЛИ: Пад на стапката на невработеноста

Пад од 25,5 отсто кај стапката на невработеност е забележан во третиот квартал од 2015 година покажаа податоците на Државниот завод за статистика.

Статистиката покажува активно население од  954 610 лица. Од нив вкупно  вработени се 711 380, а 243 230 лица се невработени.

Со проектот „Македонија вработува“, за седум месеци се вработени вкупно 10.100 лица во 6.750 компании низ земјава.

Тоа би можело да се смета како добра бројка сметаат аналитичарите.

Компаниите исто така со одобрување гледаат на овој проект, иако некои се сомневаат во целисходноста на ваквите субвенционирани вработувања.

Овој проект како и неколку слични досега во Македонија регистрираа пад на вкупната невработеноса. За девет години невработеноста во Македонија се намалила од 38% на 26,8%.

Според Владата ваквите резултати се очекувани по спровeдените реформи и програми. Секако и по продорот на странски компании во слободните економски зони. Според проценките и очекувањата на Владата, до почетокот на 2017 година, невработеноста треба да се намали на 22%.

Според податоците од надлежните институции, заклучно со вториот квартал од годинава имало вкупно 699 578  вработени лица, од нив 541 351 се вработени во приватниот сектор, а 158 226 се во друга сопственост, во која спаѓа и државната.

Сепак, според дел економистите, прашањето за намалување на невработеноста има повеќе димензии и за да се добие реална слика за состојбата, треба да се анализираат неколку фактори: дали се работи за нови вработувања во приватниот сектор, колкав е уделот на вработувањата во државниот сектор, потоа колку чинат субвенционираните вработувања и како врз целата состојба се одразува одливот на работоспособна сила во странство.

“Намалената стапка на невработеност е резултат на неколку мерки, односно фактори. Најпрво, тука се вработувањата во администрацијата. Потоа следуваат мерките на Владата за вработување во приватниот сектор, кои се нарекуваат активни мерки но тие имаат краткорочен ефект и се со буџетска поддршка. Сега се случува и операцијата за трансформација на вработени во државен сектор, и сите овие мерки имаа повеќе козметичка отколку економска димензија“, изјави неодамна  универзитескиот професор Ванчо Узунов.

Еден од факторите кои имаат рефлексија на состојбата со намалување на невработеноста е токму одливот на работоспособно население во странство.

“Сметам дека одливот на работоспособно население има удел врз вкупната состојба на пазарот со работна сила, а со тоа и врз стапката на работоспособно население, која е основа за пресметка на вработеноста и невработеноста. Имено доколку стапката на работоспособно население се намалува, тогаш се намалува и основата за пресметка за вредностите за невработеноста и вработеноста“, вели професорот Узунов.

Дел од бизнисмените сметаат дека државата и натаму останува најголемиот работодавач, а политките за вработување се краткорочни.

„За жал државата сеуште е најголемиот работодавец, и јавната администрација е таа која ги апсорбира новите вработувања. Така што ваквото намалување на невработеноста не треба да се земе како предизвик, а приватниот сектор апсорбира колку што може, колку што му се можностите и не може да се каже дека приватниот сектор апсорбира повеќе од вработените. Единственото решение за приватниот сектор е да се спроведат одредени развојни програми, да се укинат законите кои се донесоа во последниот период, како Законот за ДДВ, Законот за финансиска дициплина.

Малите фирми се осудени на пропаст од новите законски решенија за даночните обврзници, бидејќи тие и сега не работат ликвидно. Точно дека дека Владата спроведува мерките за намалување на невработеноста, но се тоа е контрадикторно. Од една страна мерки, субвенции за работодавците,  од друга страна нови закони кои се на наша директна штета, кои не оптеретуваат со нови давачки. Од друга страна ние имаме проблем со стручни кадари, на пазарот на труд има недостиг од одредени стручни кадри кои нас ни се потребни, а има огромен број на пример на правници и економисти“, вели Арбен Халили од Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Стапката на вработеност изнесува 42.4 проценти.

Слично

Поврзани вести