ШТО ИЗЈАВИЈА МАНЕВСКИ, РАДНИКОТ, БАЈРАМ: Имало ли злоупотреба во МВР?
Не е точно дека без одлука и основ сум користел службено возило на МВР, и воопшто дека имам обезбедување, реагира Гоце Џуклевски, националниот координатор на Националниот координативен центар за гранично управување, откако тој и повеќемина поранешни и сегашни функционери беа посочени дека врз основа на усна нардба користеле обезбедување и службени возила од МВР.
“Поседувам доккументи кои од април 2009 година докажуваат дека јас како координатор на Националниот координативен центар за гранично управување, во согласност со законот, сум добил на располагање службено возило. Но тоа е дел од возниот парк на Координативниот центар, и никогаш не сум го користел за приватни работи и надвор од работното време. За возилото е ангажиран возач, но обезбедување немам. Со тоа возило се извршуваат бројни работи кои се во рамките на работните задачи. Имено, во 2009 година на мое барање е доделено возило кое е исклучиво за потребите на центарот со кој раководам. Јас сум именуван владин функционер и не точно дека раполагањето со возилото е врз основа на усна наредба, туку врз основа на Решение на Владата на Р.М. Не станува збор за никакви злоупотреби“, вели Џиклевски, националниот координатор на Националниот координативен центар за гранично управување,
Џуклевски, заедно со уште неколку лица од страна на министерот за вантрешни работи Оливер Спасовски, беа посочени во групата фунакционери кои само врз основа на усна наредба имале службено обезбедување и возила, за што министерот најави истрага.
“Ќе ги соопштам имињата на луѓето кои имале обезбедување врз основа на усна наредба. Тоа е Кирил Божиновски, генерален секретар на Владата на Република Македонија за кој не постои никаква законска можност да може да добие обезбедување. Емил Димитриев, пратеник во Собрание на Република Македонија и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така со усна наредба без никаква законска можност. Михајло Маневски, поранешен министер за правда на кој исто така со усна наредба му е доделено обезбедувањето се до први 12 оваа година. Мартин Протогер, советник на претседателот на Влада на Република Македонија исто така без никаков акт, со усна наредба. Гоце Џуклевски, националниот координатор на Националниот координативен центар за гранично управување. Исто така вон уредбата и без никаков акт. Јохан Трчуловски, исто така без никаков акт и без никако основ“, изјави министерот и додаде дека на листата е и пратеникот Амди Бајрам кој сега треба да добие обезбедување, врз основа на Решение издадено два дена пред министерските промени во МВР.
Првично, медиумите објавија дека на листата луѓе кои користеле обезбедување и службено возило од МВР беше и името на бившиот директор на бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски –Радникот. На прашањето дали тој има коментар за ваквите обвинувања кусо одговори :
“Немам никакво обезбедување“.
Реагираше и поранешниот министер за правда.
“Не е точно дека незаконски сум кристел обезбедување и возило од МВР. Ако сака да се утрврди вистината тогаш треба да ги погледне архивите во МВР каде што писмено сум пријавувал сериозни закани и затоа сметам дека овие изјави се врз основа на непроверени инфрмации“, вели екс министерот за правда Михајло Маневски.
Сличен став и од пратеникот Амди Бајрам.
“Никогаш не сум користел возило на МВР, туку сум се возел во возило во времето кога министер беше Љубе Бошковски, значи ние сме се возеле во исто, минстерско возило“ изјави пратеникот Бајрам.
Дел од експертите велат дека овој случај за можни злоупотреби на државни ресурси, што го отвори министерот Спасовски мора да се обелодени целосно, односно точно да се посочат на сите лица кои незаконски уживеле бенфиции и оние кои тоа им го овозможиле.
“Тука нема сомнение дека има неодговорност и можни злоупотреби. Само прашање е како тоа да се градира, дали се работи за бенигни случаи или за подлабока форма на злоупотреба. Мора да има одговор на прашањата кој ги користел овие бенефиции, по основ на која регулатива во каакви околности, осбено во делот на доделеното обезбедување. Имено, и обичен граѓанин доколку се пожали и има основ дека неговата безбедност е загрозена, може да добие службено обезбедување, односно заштита, и затоа овие случаи на користење на обезбедување од МВР од страна на познати политичари, јавни личности, естрадни уметници мора да се аргументира пред јавност“, изјави Драган Малиновски, поранешен прв човек на Комисијата за спречување на корупција.
Случајот со користење на обезбедување и возила од МВР допрва ќе се истражува во рамките на министерството. Спасовски најави дека издал наредба да се испитаат сите индиции и наводи за утврдување на одговорност за ваквите состојби.
“Се работи за сериозни укажувања и сомневања за пречекорување на овластувањата со која е нанесена голема материјална штета на МВР. Стотици возила и луѓе биле непотребно ангажирани врз основа на субјективни проценки на неовластени лица во постапката и некомпактибилни со уредбата којашто го регулира овој процес. Исто така е констатирана злоупотреба кај одредени раководни лица со 24 часовно користење на возила на Министерството за внатрешни работи. И затоа веќе се започнати постапки. Да се утврди кој го прекршил законот односно подзаконските акти и интерните процедури во МВР. Да се утврди колкава е материјалната штета предизвикана во буџетот на МВР“, изјави министерот Спасовски.
Од МВР информираат дека постојат две решенија, за Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков, врз основа на уредбата, за кои по престанок на функцијата им следува обезбедување врз основа на проценките најмногу до година дена и тие се покриени со решението.
Слично
