Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што истакнаа Меркел и Германија на Грција

Што истакнаа Меркел и Германија на Грција

Грција и Германија треба да работат напорно за да ги надминат навредливите стереотипи еден кон друг, кои се зголемени во текот на кризата во еврозоната, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин.

Според него важна тема на разговорите била билатералната соработка.  “Грците не се мрзливи, а Германците не се одговорни за сите неволји на Грција. Ние треба да работиме за да ги надминеме овие стереотипи”, потврди Меркел. Таа призна дека има тешки прашања и несогласувања меѓу Атина и Берлин, но увери дека сака соработка во духот на взаемната доверба. “Ние сакаме една економски силна Грција, ние сакаме економски раст во Грција и намалување на премногу високата младинска невработеност. Мислам дека сме согласни дека за тоа се потребни структурни реформи и ефикасна администрација”, истакна Меркел.

Ципрас истакна дека средбата во Берлин е исклучително важна за него. “Треба да се разбираме подобро. Нема алтернатива на дијалогот на патот кон отстранување на тешкотиите”, објасни шефот на грчкиот кабинет. Тој, сепак, потврди дека е против политиката на штедење, предводена во Европа.

“Спасувачкиот план за Грција не беше успешен”, рече тој, потсетувајќи на падот на БДП со 25%, зголемување на невработеноста и зајакнување на социјалната нееднаквост во Грција. Во исто време Ципрас остави отворена вратата за дискусии: “Ние, се разбира, не сакаме да го уништиме позитивното од последните години и треба да побараме нови политички комбинации за решавање на нашите проблеми”.

Според него главните реформи кои треба да се одржат во Грција се во сферата на борбата против даночните измами и борбата против корупцијата. Ципрас увери дека не е дојден во Берлин, за да побара пари од германската влада, туку “за да стави заедничка основа” за дијалогот меѓу двете земји. Меркел, од своја страна, потсети дека прашањето со помош за Грција и условите на кредиторите се решава на мултилатералните преговори во еврозоната со ММФ и Европската централна банка. “Одлуките за обезбедување на ликвидност се земаат од меѓународните кредитори”, истакна на неколку пати канцеларката. “Не можам да ветам ништо.

Процесот е сосема поинаков”, рече Меркел.  Грчкиот премиер уште еднаш посочи дека Атина очекува од Германија исплата на репарации. Темата за репарациите за настаните од Втората светска војна се ‘почесто се покренуваат во Грција во последно време. Според парламентарците Германија е должна да и отплати на Атина 7.1 милијарди долари според курсот од 1938 година, т.е. сега 108 милијарди евра.

Според последните анкети на јавното мислење во Германија мнозинството Германци се против барањето на надоместок од страна на Грците. Против плаќање на репарации се искажуваат 71% од германските граѓани.

К.К

Слично

Поврзани вести