Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што им пречи најмногу на хороскопските знаци?

Што им пречи најмногу на хороскопските знаци?
Кај сите личности постојат различни нешта кои ги сакаат и кои им пречат. Што вели астрологијата за тоа што му пречи на вашиот знак? Овен Вам  луѓето не треба да ви стојат на патот, бидејќи тешко ги поднесувате ситуациите каде не сте први или најдобри. Не ви се допаѓа, кога е некој пред вас, без оглед на тоа дали станува збор за образование, работа, пари, па дури и емоции. Често ви пречат и луѓе кои „улетуваат преку ред“ пред вас или што ви влетуваат во збор, додека зборувате. Оној кој мисли дека е подобар од вас, не би требало да збори премногу, ниту да се фали со своите успеси и достигнувања. Тешко ви паѓа доколку луѓето им се восхитуваат на луѓе за кои вие сметате дека не заслужуваат да се високо на нивната скала на восхитувања. Бик Вам ви пречи кога нешто не е од врвен квалитет и тоа се однесува на материјалните нешта, но и на љубовта, пријателството и работата. За да го задржи  некој вашето внимание или пак да го пробуди вашиот интерес, потребно е да ви  покаже квалитет, со многу стил, но и да направи да се чувствувате пријатно. Близнаци Вам највеќе ви пречат рутината и монотонијата. Кога некој ќе се обиде да ве заинтересира за себе, највеќе можат да ве одбијат токму овие нешта. Вам ви пречат луѓе кои не покажуваат љубопитност, кои не се комуникативни, а највеќе луѓе кои воопшто не се весели. Истите места и луѓе можат да ви досадат, но и да ве изнервираат. Рак Вам највеќе може да ви пречат туѓата нељубезност, непромислените  критики на сметка на блиски членови на вашето семејство. Вие сте немилосрдни кон оние кои се обидуваат да ви го одземат тоа што вам многу ви значи, без оглед на тоа дали е тоа на емотивен или материјален план, и тогаш се чувствувате како некој да сака да го уништи темелот на вашата куќа и дека вашиот живот со тоа ќе биде уништен. Можат многу да ве погодат туѓите зборови, па во комуникацијата со вас потребно е луѓето внимателно да ги бираат своите зборови, дури и тогаш кога немаат лоша намера. Лав Оној кој од било која причина не сака да ве налути, би требало да поведе сметка – никогаш да не ве засени. Тоа е нешто што не можете да го толерирате, а и воопшто не е чудно со оглед на тоа дека со вас управува сонцето, симболот на харизмата. Оној кој на било кој начин ќе се обиде да го загрози вашиот дом, роднини, работа и пријатели  – ќе си има работа со вас. Девица Вам најмногу ви пречи кога не можете да бидете од корист или пак кога не сте никому  потребни. Ви одговара кога на другите им правите услуги, бидејќи уживате кога помагате. Не ви одговара кога ве критикуваат, иако дел од претставниците на вашиот знак се многу критички настроени кон другите. Иако сте свесни за своите маани, не ви се допаѓа кога некој го споменува тоа.
Слично

Поврзани вести