Што им пречи на туристите во Хрватска?
Со години во екот на туристичката сезона има колони возила долж Јадранската магистрала од Трогир до Омиш, а лошиот глас далеку се слуша, пишува Слободна Далмација.
„Владее хаос, не се почитуваат никакви сообраќајни правила, секој вози како ќе му падне на памет“ - велат туристите.
Меѓу лошите искуства на туристите е и тоа што за пијалок во ноќен клуб сакале да им наплатат повеќе од потребното.
„Келнерот рече дека сметката чини 60 куни, а таму пишуваше 50 куни. Се обиде, но не му успеа да не измами“ - додаваат туристите.
Раскажуваат дека во ресторан на Корчула имало преполно мени, но попусто, затоа што поголемиот број јадења не биле достапни.
„Келнерот одеше, се враќаше и ни кажуваше дека тоа јадење не може да го нарачаме. Беше малку смешно“ - објаснуваат туристите.
Меѓу забелешките на туристите било и тоа дека на мениата во рестораните нема многу здрави јадења, но и дека на одредени локации нема доволно канти за смет.
