ШТО ИМ ПОРАЧА ЗАЕВ НА ФИРМИТЕ - не ги отпуштајте работниците, Владата ќе ви помогне
Лидерот на СДСМ Зоран Заев им порачува на компаниите да не отпуштаат работниците, бидејќи Владата ќе помогне. Тој ова го изјави во емисијата „Click Plus“ на ТВ21
„Ве молам да не ги испуштаме работниците, ако ги отпуштиме ќе биде лошо за државата, тоа е нашиот народ. Да не заборавиме дека тешко е да се најде добар квалификуван работник. Државата ќе помогне со се што може“, посочи тој.
Исто така, првиот човек на СДСМ откри дека земјава од ММФ ќе добие 80 милиони евра, а и од Светска банка е побаран кредит во износ од 100 до 120 милиони евра.
Слично
