Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што им порача Русија на македонските партии

Што им порача Русија на македонските партии

Русија се надева дека ќе биде спроведена темелна истрага за неуспешниот обид на државен удар во Македонија, соопштило руското министерство за надворешни работи, пренесува rts.rs.

Руското министерство за  надворешни работи во соопштението наведува дека ќе биде спроведена темелна истрага во интерес на стабилноста и безбедноста во Македонија, јавува руската новинска агенција Тас.

Министерство за  надворешни работи на Русија ги повика сите политички сили во Македонија да дејствуваат во согласност со уставот и да ги решат проблемите со дијалог.

„Влошувањето на состојбата во пријателска Македонија може да предизвика опасна ескалација на етнички судири во земјата“, соопштили монистерството.

 Македонското министерствоза внатрешни работи вчера за странски институции соопштило дека е спречен обид на загрозување на уставниот поредок и недемократско превземање на власта.
Слично

Поврзани вести