Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што им порача Папандреу на Британците?

Што им порача Папандреу на Британците?

Екс грчкиот премиер, Јоргос Папандреу во коментар за Си-ен-би-си ги објасни причините зошто Велика Британија треба да остане во Европската Унија.

И покрај тешкотиите и жртвите во последните години и покрај некои лошо создадени политики на Европската Унија, Грците избраа повторно и повторно да останат во неа и да избегнат т.н. Грегзит, вели Папандреу. Вели дека сега може да се замисли заедничка иднина врз основа на заеднички вредности, наместо иднина на непријателство и омраза. Додава дека обединетиот европски глас е многу важен.

„Добро се сеќавам на времето кога имавме мал или никаков контакт со соседите во северниот дел на Балканскиот полуостров. Распадот на Југославија во 90-те години доведе до ужасно етничко чистење, недоверба и вештачки граници за прашања поврзани со верските разлики. Кога нашиот регион цврсто почна да се движи кон Европската Унија, го надминавме недостигот на соработка, вооружувањето и етничките тензии. Сега има трговија, културни активности помеѓу луѓето, соработка во областа на инфраструктурата, енергетиката и образованието“ - рече Папандреу.

Тој потоа ги истакнува предностите на единствен пазар, заедничката политика на Унијата за здравјето на луѓето или за зачувување на животната средина, повторувајќи дека сите земји заедно во ЕУ можат да ја променат глобалната политика што би било од корист за сите.

Папандреу сака ЕУ со политики ориентирани кон раст, сака гласот на ЕУ во светот да биде слушнат уште посилно, но додава и дека многу добро знае оти ЕУ во моментов уште е најдобар избор.

„Можеме и ќе бидеме многу поефикасни заедно“ - кажа Папандреу.

Тој на крајот истакнува дека ЕУ има потреба од гласот, креативноста и искуството на Велика Британија и нејзините граѓани. Папандреу смета дека заедно може да се придонесе да се направи глобалното општество похумано и да се гарантира безбедност и просперитет на граѓаните.

Слично

Поврзани вести