Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО ИМ ПОРАЧА НА ДИПЛОМАТИТЕ: Груевски не чекаше многу!

ШТО ИМ ПОРАЧА НА ДИПЛОМАТИТЕ: Груевски не чекаше многу!
Остри тонови и речник кој во дипломатијата „шета“ на ниво на пристојност. Вчерашниот ден покажа дека дипломатските ракавици се извадени. Амбасадорите пред Владата му испратија јасна порака на премиерот Никола Груевски дека го сметаат за најодговорен што не се исполнува договореното од Пржино. Ниту Груевски не им остана покус. Само половина час по изјавата што ја прочита британскиот амбасадор Чарлс Гарет, Груевски на Твитер напиша: „Македонскиот народ одлучува за својата иднина!“ Со ова покажа дека не биле блеф изјавите дадени на денот на ВМРО. Таму тој рече дека народот кажува во кој има доверба, и дека губење на препораката нема да се доживее трагично. Значи ли ова дека и дефинитивно договорот од Пржино е мртов? Веројатно дефинитивно ќе се знае по враќањето на Груевски од ОАЕ, но првата порака е дека нема попуштање.
Слично

Поврзани вести