Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што им порача европратеничката тројка на политичките лидери?

Што им порача европратеничката тројка на политичките лидери?

Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан денеска во заедничка порака им порачаа на политичките лидери да не трошат време и да ги решат останатите точки од Договорот од Пржино со цел забрзување на имплементацијата.

Тројцата еврпратеници нагласија дека ова е политички приоритет кој е неопходен за земјата да ја надмине политичката криза, а посветеноста на партиите кон останатите чекори меѓу кои и Избирачкиот список и услоглаената методологија се круцијални.

Силен притисок неделава ќе биде вршен од меѓународната заедница, но со една иста порака, единствена иднина на земјава има само со имплементација на договорот.

Целосна поддршка и за специјалната обвинителка за спроведување на нејзината работа е ставот на тројката.

Тие исто така порачаа дека се подготвени да и помогнат на Македонија во целосната имплеменатција во договорот од Пржино, како и во развојот на демократијата а Европскиот парламент е биде присутен за време на изборите како демонстрација на неговата посветеност и солидарност со граѓаните на Македонија.

Слично

Поврзани вести