Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што им порача Ештон на политичките лидери?

Што им порача Ештон на политичките лидери?
Силна порака до сите политички фактори во земјава испрати шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон на доцната попладневна преф-конференција.

Повика на конструктивен дијалог со медиумите и граѓанскиот сектор и посочи дека решението за спорот со името е клуч за влез на Македонија во Европската Унија.

“Потребно е долгогодишните дискусии за името да бидат доведени до дефинитивен заклучок без одложување. Ги охрабрувам двете страни да ги искористат напорите направени од медјаторот Метју Нимиц. Свесна сум дека ова може да биде тешко, но не постои друга алтернатива да се оди напред. Ова е единствениот начин кон напредок на патот кон Европската Унија. ЕУ сака да ве види како дел од Унијата, но интеграцијата мора да почне од дома“ – порача Ештон.

На почетокот од својата оценка, шефицата на дипломатијата на Европската Унија повика на дијалог со медиумите.

“Мора да се одржи коструктивен и инклузивен дијалог со медиумите и со граѓанските здруженија, ова е од суштинско значање. Истото се посочува и во пролетниот Извештај и како што се вели таму, мора да се формира Анкетната Комисија и да продлжи дијалогот со новинарите “ – рече Ештон и додаде :

“Токму затоа ги охрабрив политичките лидери да креираат нов политички тон и дух за соработка . На ваков начин  вашата земја ќе биде во можност да одговори на стратешките цели, имајќи ја во предид големата подршка од граѓаните. “ – рече Ештон.

Повика да се продолжи со реформите, но и градење на доброседски односи, особено со земјите од регионот.

“Дијалогот исто така е важен за вашите соседи, добрите соседски односи особено во регионот, мора да го одржувате преку  дијалого и да барате решенија“ – заклучи дипломатката од Европската Унија.

Слично

Поврзани вести