Што им пиша Стојковски на сенаторите?
Откако осум членови од Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ испратија писмо до ректорот во заминување, Велимир Стојковски, наведувајќи дека и по две недели уште не е свикана вонредна седница на Сенатот за разгледување на случувањата со контроверзните студентски избори, се јави и ректорот преку писмо.
Тој вели дека зад досписот не бил потпишан ниту еден сенатор, туку било само испратено од еден сенатор и ги негира обвинувањата упатени до него.
„Согласно деловникот за работа на Сенатот, нема услови за одржување на вонредна седница на Универзитетскиот сенат. Уште еднаш потсетувам, дека ректорската управа на Универзитетот донесе заклучоци за решавање на проблемот, кои беа доставени до сите сенатори. До денес, овие заклучоци се подржани од 41 Сенатор, имајќи предвид дека еден дел од сенаторите се на годишен одмор“ - пишува Стојковски.
Сенаторите претходно му пишаа на ректорот дека го крши статутот на УКИМ и го одзема правото на сенаторите да го искажат својот став.
Слично
