Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што и предвидува Светска банка на македонската економија

Што и предвидува Светска банка на македонската економија

Најновите прогнози на Светска банка не се премногу оптимистички за македонската економија која според нивниот нов извештај ќе има забавен раст и ќе достигне максимални 2% до крајот на година поради намалените инвестиции. Светска банка предвидува нешто поголем раст во 2017-та кога економијата ќе порасне за 3.3% со помош на нови инфраструктурни проекти.

Политичката несигурност влијаеше врз инвестициите, што доведе до намалување на растот, спротивно од регионалниот тренд. Потрошувачката остана главен двигател на растот, поддржана од вработувањата и повисоките јавни плати и трансфери. Фискалниот дефицит се зголеми од првично буџетираните 3,2% од БДП на 4,1% поради поголемите трошења на плати, пензии и социјални трансфери отколку првично буџетираните, како и поради прилагодување на потрошувачката поврзана со справување со поплавите“, стои во извештајот на Светска банка кој денеска беше објавен во Брисел.

Во однос на регионалните трендови на Југоисточна Европа, Светска банка предвидува просечен раст од 3.3% со тоа што ќе има намалување на невработеноста, но и зголемување на државните трошење што се резултира и со буџетските дефиците.

За да се одржи растот се препорачуваат понатамошни реформи за одржување на макроекономската стабилност, поттикнување на активноста на приватниот сектор, зголемување на ефикасноста на јавниот сектор и создавање на издржливост од надворешни шокови.


Слично

Поврзани вести