Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што и подготвува Варуфакис на еврозоната?

Што и подготвува Варуфакис на еврозоната?

Грчката влада ќе побара денеска продолжување на спогодбата за кредитот од еврозоната, но не и за мерките за штедење чии услови сака да ги промени.

„Сметаме дека ни на кој начин продолжувањето на програмот за спасување не може да продолжи под сегашните услови“, изјавил претставникот за медиумите од грчката влада Габриел Сакеларидис за грчка Антена, пренесува Ројтерс.

Сакеларидис одбил да ги прецизира деталите за грчкото барање.

„Ќе почекаме денеска министерот за финансии Јанис Варуфакис да поднесе барање за продолжување на спогодбата за кредитот“, рекол тој.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа изјави дека неговата влада нема да попушти пред уцените на партнерите од еврозоната и дека не се брза да постигне нов договор за отплата на долгот.

Ципрас рекол дека парламентот ќе гласа за пакетот социјални мерки во петок , на денот кога истекува рокот кој Европската унија и го даде на Грција да го продолжи сегашниот план на економското опоравување.

Состанокот на министрите за финансии на еврозоната во Брисел во понеделникот заврши без договор, бидејќи Грција го отфрли предлогот да го продолжи својот актуелен програм на помош за додатни шест месеци.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/02/17/tsipras-nema-da-popushtime-pred-utsenite-na-evrozonata/" target="blank" ] Ципрас: Нема да попуштиме пред уцените на еврозоната![/button]

Слично

Поврзани вести