Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што и кажале на Катица Јанева европратениците Вајгл, Ховит и Кукан?

Што и кажале на Катица Јанева европратениците Вајгл, Ховит и Кукан?

Потребна е измена на  Законот за заштита на сведоци во делот на определување на надлежност на специјалното Јавно обвинителство, воедно потребна е поголема соработка на Судот со ова Јавно обвинителство се дел од заклучоците кои и ги укажале тројцата европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан во разговорот со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, соопштија пред малку од нејзиниот кабинет

Оттаму посочуваат дека укажувањето произлегува од новата пракаса која Судот сакал да ја наметне во случаи кога се барани предмети за увид од специјалното обвинителство, увидите да се прават во Судот.

Во врска со материјалите од прислушуваните разговори од Специјалното обвинителство велат дека тоа обвинителство по овој случај постапува согласно   законските прописи и околноста што не е сочинет записник во моментот на самото предавање на материјалите не е пропуст во смисла на законските одредби.

Посочуваат дека се работи за материјал кој е предаден на барање на Јанева и истиот има сензитивна содржина при што подлежи на дополнителни проверки, класификација и постапување.

Засега од кабинетот на Јанева не соопштуваат повеќе информации за примените материјали.

Слично

Поврзани вести