Што и да се случи оваа валута добива, а кој губи?
Во наредните денови финансиските пазари веројатно ќе бидат поактивни отколку обично, а причина ќе бидат состаноци на две од трите најважни централни банки на светот.
Се работи за американската и јапонската.
На состаноците се одлучува за висината на каматните стапки, а бидејќи со месеци со нетрпение се очекуваат новите потези на наведените институции, многу инвеститори и шпекуланти чекаат одлуки кои ќе бидат објавени во среда, како би можеле да се позиционираат на пазарите поради остварување на профит во следните месеци.
Две централни банки се наоѓаат во спротивни ситуации па постои можност да се донесат целосно спротивни одлуки, кои би можеле да предизвикаат префрлување на големи количини капитал од јен во долар.
Имено, врз основа на релативно добри економски ситуации во САД, американската централна банка постепено ги крева каматните стапки, што традиционално позитивно влијае на вредноста на валутата, додека јапонската централна банка веќе со месеци се заканува со додатно спуштање на каматните стапки како би го ослабнала пресилниот јен.
Доколку би дошло до подигање на каматните стапки во САД и до спуштање во Јапонија, доларот истиот ден во однос на јенот би зајакнал неколку отсто, а во следните неколку месеци можеби дури и повеќе од 10 проценти.
Аналитичарите на Адмирал маркет сметаат дека сепак нема да дојде до целосна дивергенција во одлуките на двете централни банки. Имено, со оглед на нивната важност, величината и влијанието на целокупната економска ситуација, и јапонска и американска централна банка будно ги следат потезите на останатите централни банки и се трудат да не отстапуваат премногу од нивните политики, бидејќи тоа би можело да предизвика големи пореметувања на финансиските пазари.
Со оглед на моменталната ситуација, американската централна банка би можела уште еднаш да ги остави каматните стапки на исто ниво, но да најави дека до подигање ќе дојде на некој од следните состаноци. Јапонската централна банка би можела како и на последните состаноци да се закани со нови мерки или намерно ослабување на валутата доколку биде потребно, но засега не презема ништо и се надева дека јенот ќе ослабне врз основа на американската одлука.
Во такво сценарио исто така би дошло до јакнење на американскиот долар и слабеење на јенот, но со нешто послабо темпо.
Курсот на еврото исто така нема да мирува. Доколку дојде до било какви најави дека во САД наскоро ќе дојде до раст на каматните стапки, еврото ќе ослабне.
Одлуката на јапонската централна банка ќе биде објавена во среда рано утрото по наше време, додека Американците својата одлука ќе ја објават во 20:00 по наше време. Половина час подоцна челницата на Федералните резерви ќе образложи врз основа на што е донесена одлуката и какви се плановите за иднина.
Освен наведените настани, во текот на неделата ќе бидат уште неколку настани кои би можеле да предизвикаат краткорочни поместувања кои им се интересни на активните инвеститори. Најважен настан меѓу нив е одлуката на централната банка на Нов Зеланд која исто така во средата ќе одлучува за каматни стапки, но со оглед на големината на економијата на Нов Зеланд, каква и да биде таа, нема да има влијание на останатите валути.
